• вторник, 26 ноември 2024

Претставничкиот дом објави 40.000 часови видео снимки од нередите во Капитол на 6 јануари 2021 година 

Претставничкиот дом објави 40.000 часови видео снимки од нередите во Капитол на 6 јануари 2021 година 

Вашингтон, 18 ноември 2023 (МИА) - Новиот спикер на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, синоќа изјави дека повеќе од 40.000 часаови видео снимки направени од сигурносните камери за време на нападот на Капитолот на САД на 6 јануари 2021 година ќе бидат објавени и достапни за јавноста. 

Снимките се достапни во делови на веб страницата https://cha.house.gov/. 

-Денеска го исполнувам своето ветување дадено на американскиот народ и ги правам достапни за Американцте сите снимки од 6 јануари, изјави Џонсон за време во ТВ пренос на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер).  

„Вистината и транспаретноста имаат одлучувачко значење“, додаде тој. 

Џонсон додаде дека оваа одлука ќе им даде можност на милиони Американци, општествени организации и медиуми „да видат со свои очи што се случило тој ден, а не да се потпираат на интерпретации на мала група владини службеници“.  

Вети дека лицата на снимките ќе бидат замачкани „за да не станат мета на одмазда“, а видео снимките со доверливи информации за безбедноста на зградата на Капитолот се скриени. 

Илјадници часови снимки од камерите за видео набљудување веќе беа прегледани од Специјална комисија на Претставничкиот дом која спроведе истрага за нападот на Капитол од подржувачи на поранешниот претседател Доналд Трамп, кој сакаше да ја спречи заверката на победата на демократот Џо Бајден на претседателските избори во 2020 година. 

Комисијата во своите заклучоци од истрагата препорача покревање тужба против Трамп за бунт и други нарушувања на законот поврзани со нередите на 6 јануари.  

Трамп, еден од водечките претседателскои кандидати на Републиканската партија за изборите во ноември 2024 година, беше обвинет за тоа од Специјално јавно обвинителство предводено од Џек Смит и треба да оди на суд во Вашингтон во март 2024 година. кб/ 

Остани поврзан