• петок, 05 декември 2025

Претставници на Сојуз на стопански комори во посета на Македонски семејни винарии 

Претставници на Сојуз на стопански комори во посета на Македонски семејни винарии 

Кавадарци, 31 октомври 2025 (МИА) - Претставници на Сојуз на стопански комори предводени од претседателот Горан Ѓорѓиевски, денеска беа во посета на здружението „Македонски семејни винарии“ со седиште во Кавадарци. По одржаните две средби со лозари и винари на тема дигитализација во лозаровинарството во државата, тие ја посетија и новата винотека Wine story на семејната винарија Попови,  во центарот на градот, каде што може да се дегустираат вина и ракии од најразлични македонски производители, но и да се купат. 

- Тука сме да дадеме поддршка на малите бизниси и да потсетиме дека ги поддржуваме малите и средни претпријатија. Наша цел е тие да се унапредуваат, да бидат што е можно поконкурентни и извозно ориентирани, а истовремено и да никнуваат нови мали семејни бизниси, што ќе придонесат за развој на македонската економија, рече Ѓорѓиевски за МИА. 

Тој подвлече дека е договорена поддршка за малите семејни винарии и дестилерии при аплицирање за грантови од домашни и меѓународни фондови.  

Гоце Попов како извршен директор на здружението, заедно со останатите претставници на македонските семејни винарии, истакна дека поддршката што малите семејни вински бизниси ја добија во изминатите неколку години, дава резултати и во земјава расте бројот на мали винарници, што се потенцијал повеќе за развојот на винскиот туризам во државата. свд/вј/

Фото: МИА 

Остани поврзан