• понеделник, 23 декември 2024

Претставници на повеќе од 50 земји се собираат во Лозана да разговараат за прашања поврзани со деминирањето на Украина

Претставници на повеќе од 50 земји се собираат во Лозана да разговараат за прашања поврзани со деминирањето на Украина

Лозана, 17 октомври 2024 (МИА) - Претставници на повеќе од 50 земји, меѓународни и невладини организации денеска ќе се соберат во швајцарскиот град Лозана на дводневна конференција посветена на прашањето за деминирањето во Украина, јави ДПА.

Учесниците на форумот ќе коментираат за можностите за комбинирање на процесите на деминирање со социјалното и економското закрепнување на земјата. Тие ќе разговараат и за методите за побрзи инспекции на потенцијално минираните области, како и за новите модели на финансирање.

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) предлага украинската влада да издаде обврзници што ќе го поврзат деминирањето со воведување одржливи земјоделски практики. Дополнително, каматата од овие обврзници може да се реинвестира во деминирање и други активности.

Во Украина има огромни области преполни со илјадници мини, касетна муниција и неексплодирани убојни средства. Според пресметките на Киев, целосното деминирање на земјата би чинело 34 милијарди евра. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан