Претставници на Македонски олимписки комитет во посета на Куманово, почна проектот ОВЕП
- Претставници на Македонскиот олимписки комитет денеска се сретнаа со претставници на општината, а посетија и неколку основни училишта, со што официјално започна проектот ОВЕП (Olympic Values Education Programme), информираа денеска од Општина Куманово. Станува збор за образовна иницијатива која има за цел да ги промовира олимписките вредности на почит и пријателство преку образовниот процес.
Куманово, 8 октомври 2025 (МИА) - Претставници на Македонскиот олимписки комитет денеска се сретнаа со претставници на општината, а посетија и неколку основни училишта, со што официјално започна проектот ОВЕП (Olympic Values Education Programme), информираа денеска од Општина Куманово. Станува збор за образовна иницијатива која има за цел да ги промовира олимписките вредности на почит и пријателство преку образовниот процес.
-Во рамките на проектот ангажирани се 20 наставници, кои ќе работат на активности насочени кон развивање на тимски дух и личен развој на учениците. Одржаната фокус група ќе послужи како основа за изработка на прирачник за наставниците, со насоки како овие вредности да се интегрираат во сите предмети на училишните програми. Проектот претставува значаен чекор во насока на воспитување на младите преку спортот и поттикнување на здрави навики, солидарност и позитивен натпреварувачки дух во училиштата, наведуваат од општината.
Претставниците на Македонски олимписки комитет одржаа средба и претставници на локалната власт со кои разговараа за иницијативи и соработка. ам/мд/
Фото: Општина Куманово