• понеделник, 16 декември 2024

Претставник на Трамп веќе почнал преговори за примирје во Газа и ослободување на заложниците

Претставник на Трамп веќе почнал преговори за примирје во Газа и ослободување на заложниците

Вашингтон, 5 декември 2024 (МИА) - Специјалниот пратеник на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за Блискиот исток, Стив Виткоф, во ноември се сретнал со премиерите на Катар и Израел за да ги започне дипломатските напори за постигнување прекин на огнот во Газа и договор за ослободување на заложниците.

Оваа информација ја потврди катарскиот премиер Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани.

Виткоф ги посети Катар и Израел во обид да постигне договор пред Трамп да ја преземе функцијата на 20 јануари, според извор на Ројтерс, пренесува Тајмс оф Израел.

Средбите означуваат враќање на Катар во клучната улога на посредник, улога што беше суспендирана минатиот месец. Изворите додаваат дека преговарачите на Хамас наскоро би можеле да се вратат во Доха за продолжување на разговорите. ссм/

фото: архива

Остани поврзан