• петок, 25 октомври 2024

Претставник на екстремната десница по првпат избран за претседател на австрискиот Парламент

Претставник на екстремната десница по првпат избран за претседател на австрискиот Парламент

Виена, 24 октомври 2024 (МИА) - Австрискиот Парламент по првпат избра претставник на екстремната десница за претседател.

Претседател на Парламентот стана Валтер Розенкранц, 62-годишен претставник на Австриската партија на слободата (АПС), која освои најмногу гласови на изборите во септември. Тој доби поддршка од 100 пратеници, од вкупно 162 присутни.

Овој избор предизвика остра реакција од страна на еврејската заедница во Австрија, која изрази вознемиреност дека на чело на парламентот застанува личност која има одадено почит на нацистички злосторници. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан