• вторник, 24 декември 2024

Претставен трофејот за УЕФА Лигата на конфедерации

Претставен трофејот за УЕФА Лигата на конфедерации
Нион, 24 мај 2021 (МИА) – Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) денеска го претстави трофејот од Лигата на конфедерации, новото клупско натпреварување кое ќе стартува ова лето. Македонски претставници во инаугуралното издание на третото по ранг европско клупско натпреварување се Шкупи, Струга ТЛ и победникот на националниот Куп, Силекс. Првакот Шкендија во случај на елиминација во квалификациите за Лигата на шампиони, исто така, ќе го продолжи натпреварувањето во Лигата на конфедерации. Новото клупско натпреварување ќе стартува во август, а финалето е закажано за 25 мај 2022 година во Тирана. ег/

Остани поврзан