• среда, 27 ноември 2024

Претставени обновените „Пежо 208“ и „Е-208“

Претставени обновените „Пежо 208“ и „Е-208“

Париз, 6 јули 2023 (МИА) - Kако најпродаван автомобил во Европа во 2022 година, „Пежо 208“ го симна од престолот легендарниот „Фолксваген Голф“, а воедно е и најпопуларниот модел на францускиот пазар. Со цел да го одржи тој продажен моментум, „Пежо“ го освежи субкомпактниот модел, како и електромобилот „Е-208“ за следната 2024 година.

Новото лице првично беше претставено со тркачкиот автомобил со издржливост 9x8 пред редизајнираниот седан и караван „508“ да станат првите патни автомобили коишто ја прифатија новата предна табла. Од автомобилската компанија подготвиja нови бандажи од 40 и 43 цм со двобојни мотиви и ново лого.

Сите нови пакети опрема вклучуваат 25-сантиметарски екран на допир, додека дигиталната инструмент-табла со иста големина има нов дизајн, но и 3-Д ефекто во случајот со моделот „ГТ“.

Другите промени вклучуваат ново амбиентално осветлување на моделот „208 ГТ“, додека возилата опремени со 6-брзински рачен менувач добиваат редизајнирана рачка на менувачот. Промените во внатрешноста се заокружени со дополнителни УСБ-влезови, а „208 Алур“ и „ГТ“ добија три УСБ-Ц влеза - две напред и еден во задниот дел, како и УСБ-А приклучок одзади. Тука е и помоќниот безжичен полнач (5 - 15 вати). Камерите со поголема резолуција, пак, го прават паркирањето полесно.

Што се однесува до моторот, основниот модел го придвижува 1,2-литарски трицилиндричен мотор што развива 75 коњски сили со петстепен рачен менувач. Помоќната верзија на моторот со 100 КС и 138 КС е поврзана со 6-брзински менувач.

Моделот „Е-208“ се напојува со електричен мотор кој развива 156 КС и се напојува од батерија со капацитет од 51 киловат-час. Во случај на полнење од 7,6 кВ, процесот трае 4 часа и 40 минути. Полнење од 3,2 кВ трае 11 часа и 10 минути.

Продажбата на новиот „Пежо 208“ ќе почне во ноември. Од пуштањето на оваа генерација во продажба на крајот на 2019 година, продадени се речиси милион автомобили. си/рп/

Фото: „Пежо“

Остани поврзан