• среда, 27 ноември 2024

Претставата „Бесачи“ се презакажува за 1 декември

Претставата „Бесачи“ се презакажува за 1 декември

Скопје, 15 ноември 2023 (МИА) - Изведбите на претставата „Бесачи“ во режија на Јавор Грдев, кои беа закажани за 29 и 30 ноември во Македонскиот народен театар (МНТ), се презакажуваат за 1 декември поради одлуката на Владата за одржувањето на 30. Министерски состанок на ОБСЕ. 

Како што информира МНТ, сите посетители кои билетите ги купиле преку онлајн-системот ќе бидат директно контактирани и известени.

Купените билети на билетарницата во МНТ, ќе бидат заменети за 1 декември 2023 година.

За сите вработени во државната и јавната администрација на подрачјето на Град Скопје, 30 ноември (четврток) ќе биде неработен ден поради одржувањето на 30. Министерски состанок на ОБСЕ.

Работното време на 29 ноември 2023 (среда), пак, ќе заврши во 12 часот. Одлуката ја донесе Владата денеска на седница, на предлог на Министерството за надворешни работи.

Овие заклучоци се однесуваат и на основните и средните училишта на подрачјето на град Скопје, а не се однесуваат на детските градинки и здравствените установи на подрачјето на град Скопје - коишто е потребно да изработат сопствени планови за работењето, со цел непречено функционирање, информира владината прес-служба наведувајќи дека на скопските општини и на Град Скопје им се препорачува да ги спроведат заклучоците. мд/са/

Фото: МНТ 

 

 

Остани поврзан