• четврток, 26 декември 2024

Претседателски и парламентарни избори во ЦАР

Претседателски и парламентарни избори во ЦАР
Бангуи, 27 декември 2020 (МИА) - Околу 1,8 милиони граѓани со право на глас денеска ќе одлучуваат за еден од 17 кандидати за претседател и за новиот состав на Долниот дом на Парламентот - Народното собрание на Централна Африканска Република (ЦАР). Бунтовниците против актуелниот претседател Фаустин Арџанџ Туадера, кој се кандидира за втор мандат, извршија повеќе напади откако Уставниот суд на ЦАР отфрли неколку кандидатури, меѓу кои и на поранешниот претседател Франсоа Бозизе. Главен опонент на Туадера е лидерот на опозициска партија Унија за обнова на Централна Африка Анис-Жорж Дологеле. Тој има поддршка од Бозизе, за кој во март 2014 година беше издадена меѓународна потерница поради убиства, затворања, киднапирања и мачење. Ако ниту еден од претседателските кандидати не освои 50 отсто плус еден глас, вториот круг ќе се одржи на 14 февруари. Претседателот на ЦАР има мандат од пет години, исто како и пратениците. Во насилствата, што траат од 2013 година, во ЦАР убиени се илјадници луѓе, а над еден милион се раселени. ми/

Тагови

Остани поврзан