• четврток, 07 ноември 2024

Претседателот Херцог со поддршка за Нетанјаху за договорот за заложници и благодарност до Бајден за презентација на израелскиот предлог

Претседателот Херцог со поддршка за Нетанјаху за договорот за заложници и благодарност до Бајден за презентација на израелскиот предлог

Ерусалим, 2 јуни 2024 (МИА) - Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му се заблагодари на американскиот претседател Џо Бајден за неговиот говор во кој го презентираше израелскиот предлог за договор за ослободување на заложниците и неговите напори за ослободување на сите затвореници што ги држеше Хамас во Газа.

Херцог, исто така, на конференција на Хебрејскиот универзитет во Ерусалим кажа дека на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му ја соопштил поддршката за договорот за ослободување на заложниците.

-Не смееме да заборавиме дека според еврејската традиција, не постои поголема заповед од ослободување на затворениците и заложниците, особено кога станува збор за граѓани на Израел кои државата Израел не можеше да ги брани, рече Херцог на конференцијата именувана по неговиот покоен татко Хаим Херцог, поранешен претседател на Израел.

„Наследена обврска е да ги вратиме дома во рамките на договор што ќе ги зачува безбедносните интереси на државата Израел“, заклучи Херцог.

Во меѓувреме, американскиот републикански сенатор Линдзи Греам го повика претседателот Бајден да објасни дека договорот за примирје во Газа и за заложниците, што го презентираше  во петокот, нема да го спречат Израел да го уништи Хамас.

Греам на платформата X објави дека поразот на Хамас, што ја нарече „варварска терористичка организација“, не е само во интерес на регионот, туку и на САД.

Тој инсистира на тоа дека Бајден „мора да биде кристално јасен дека овој предлог за прекин на огнот не го спречува Израел да продолжи со воените операции за уништување на Хамас и да се осигура дека нема никаква улога во иднината“.

Во својот говор во петокот Бајден го откри, како што рече, последниот предлог на Израел за договор за заложниците и прекин на огнот за да се стави крај на војната во Газа и го повика Хамас да ја прифати понудата. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан