• вторник, 24 декември 2024

Претседателот Пендаровски со поддршка за барањето за воведување уставна жалба

Претседателот Пендаровски со поддршка за барањето за воведување уставна жалба

Скопје, 22 ноември 2023 (МИА) - Претседателот на државата Стево Пендаровски изразил безрезервна поддршка за Уставниот суд во барањето за воведување на уставна жалба од која придобивки ќе имаат сите граѓани на Република Северна Македонија.

- Иако досега постоеја повеќе иницијативи за измена на Уставот во оваа насока, за жал, цела серија парламентарни состави не собраа сила тоа да го направат, а дискусиите за измени на највисокиот правен акт, со цел, воведување на уставната тужба завршуваа во партиско-политички пазарења и надмудрувања за сосема други прашања кои немаат никаква врска со темата. Се надевам дека во блиска иднина и политичката, освен стручната јавност, ќе ја разбере важноста на воведувањето на уставната тужба како важен сегмент во реформите и чекор кон зајакнување на системот за заштита на човековите права и слободи, истакнал Пендаровски, соопштија од Уставниот суд.

Тој посочил дека во услови на непостоење на категоријата на уставна тужба, Уставниот суд има можност, уште повеќе, да ја афирмира својата улога на заштитник на човековите права и слободи и во постојните рамки.

- Тука пред сè мислам на вашата надлежност за постапување по барањата за заштита на слободите и правата, а особено во заштитата од дискриминација, потенцирал претседателот на државата. ир/цр


Фото: Уставен суд

Остани поврзан