Претседателот Пендаровски на првиот училишен ден го посети ООУ „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје
- Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска на почетокот на новата учебна година го посети најстарото училиште во нашата држава, ООУ „Свети Кирил и Методиј“, Центар – Скопје и присуст

Скопје, 1 септември 2022 (МИА) - Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска на почетокот на новата учебна година го посети најстарото училиште во нашата држава, ООУ „Свети Кирил и Методиј“, Центар – Скопје и присуствуваше на свечениот прием за првачињата.
Пендаровски, како што соопштија од неговиот Кабинет, бил информиран за воспитно-образовниот пристап на училиштето што се издвојува како пионер во повеќе области, а во кое настава следат ученици и со атипичен развој и се негуваат мултикултурните и мултиетничките вредности на нашето општество.
На првиот училишен час претседателот Пендаровски на првачињата им посакал успешна учебна година, изразувајќи уверување дека освен тоа што ќе стекнат нови знаења и искуствa, училиштето ќе им овозможи да воспостават и изградат другарства што ќе им бидат исклучително важни во иднина.
Претседателот Пендаровски упатил честитки и до наставниот и стручен кадар во училиштето за нивната креативност и посветеност, како и за инклузивниот воспитно-образовен процес. цр/лв/


