• четврток, 07 ноември 2024

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Кувајт, Гази Хамед Алфадли

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Кувајт, Гази Хамед Алфадли

Скопје, 30 мај 2023 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Гази Хамед Алфадли, новоименуван амбасадор на Државата Кувајт во Република Северна Македонија, со седиште во Софија.

Претседателот Пендаровски посочи дека Република Северна Македонија и Државата Кувајт, низ годините, изградија билатерални односи и соработка кои традиционално се базираат на пријателство, меѓусебно разбирање и заемно почитување, при што ја нагласи подготвеноста за натамошно унапредување на меѓусебната соработка во сите области од заемен интерес.

Новоименуваниот кувајтски амбасадор Гази Хамед Алфадли на церемонијата на предавање на акредитивните писма истакна дека е целосно подготвен да ги поттикне и зајакне односите меѓу Кувајт и Северна Македонија за време на неговиот мандат. мч/са/

 

Остани поврзан