• петок, 21 февруари 2025

Претседателот на ФИФА Инфантино се сретна со Трамп: Разговаравме за Светското првенство 2026

Претседателот на ФИФА Инфантино се сретна со Трамп: Разговаравме за Светското првенство 2026

Палм Бич, 18 јануари 2025 (МИА) - Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино се сретна со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во неговата приватна резиденција на Флорида.

- Беше чест да се сретнам со американскиот претседател Доналд Трамп пред неговата претстојна инаугурација. Разговаравме за Светското клупско првенство на ФИФА, кое ќе се одржи ова лето, и за Светското првенство во фудбал во 2026 година, напиша Инфантино на социјалните мрежи.

Тој му се заблагодари на Трамп за вниманието и што се согласи да ја поддржи ФИФА во наредните месеци.

- Америка пречекува гости од целиот свет, а фудбалот го обединува целиот свет! – додаде првиот човек на ФИФА.

Светското првенство во фудбал во 2026 година ќе се одржи во три земји: САД, Мексико и Канада, од 11 јуни до 19 јули 2026 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан