• недела, 29 декември 2024

Претседателот на Тотенхем подготвен да ја плати ослободителната клаузула за Алонсо

Претседателот на Тотенхем подготвен да ја плати ослободителната клаузула за Алонсо

Лондон, 7 мај 2023 (МИА) - Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, е подготвен да плати ослободителна клаузула за менаџерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо.

 

Како што објави „The Mirror“ раководството на лондонскиот премиерлигаш е сериозно заинтересирано за кандидатурата на фудбалскиот специјалист кој би можел да стане полноправна замена за Антонио Конте, кој си замина претходно оваа сезона. 

 

Леви најави дека желба му е да го плати на Баер обесштетувањето со цел да донесе го Алонсо во Лондон. 

 

Алонсо е предводник на Баер Леверкузен од октомври минатата година. По 30 кола неговиот тим е шести во Бундес лигата со 48 бодови. Покрај тоа, Баер се пласираше во полуфиналето на Лига Европа каде ќе игра со Рома.

 

Четириесет и едногодишниот Шпанец претходно беше тренер на вториот тим на Реал Сосиедад и на младинскиот тим на Реал Мадрид. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан