Претседателот на Собранието Џафери ќе се сретне со новата романска амбасадорка Аксинте
- Новоименуваната амбасадорка на Романија Адела Моника Аксинте денеска ќе го посети Собранието на Република Северна Македонија.

Скопје, 10 февруари 2021 (МИА) - Новоименуваната амбасадорка на Романија Адела Моника Аксинте денеска ќе го посети Собранието на Република Северна Македонија.
Како што е најавено од собраниската прес-служба, амбасадорката Аксинте ќе се сретне со претседателот на Собранието, Талат Џафери. вг/лв/