• вторник, 26 ноември 2024

Претседателот на Серија А: Политичарите во Италија го мразат фудбалот, тоа е очигледно

Претседателот на Серија А: Политичарите во Италија го мразат фудбалот, тоа е очигледно
Рим, 17 ноември 2021 (МИА) - Претседателот на Серија А, Луиџи Де Сиерво, ја критикуваше италијанската влада. - Нашата земја е една од оние земји каде што политичарите докажуваат дека го мразат фудбалот. Тоа се гледа од настаните што се случуваат. Важно е да се запамети дека Серија А е економскиот мотор на целиот систем. Нашиот став е сериозен. Од Владата не баравме финансиска помош. Ние само сакаме да започнеме преговори за реформи со кои ќе се ослободиме од неправедните ограничувања и ќе извлечеме повеќе од нашиот производ. Бараме можност да се вратиме на конкуренцијата на меѓународниот пазар без да бидеме казнети од нашата влада, рече Де Сиерво во интервју за весникот „Ил соле 24 оре“. За потсетување, присуството на натпревари во Серија А сега е ограничено поради пандемијата на коронавирус. Трибините може да се пополнат до 75 %. Покрај тоа, лигата има тешкотии во постигнувањето договори за изградба на нови стадиони. зс/

Остани поврзан