• четврток, 26 декември 2024

Претседателот на Сенегал прогласи неработен ден во земјата во чест на победата на репрезентацијата во Африканскиот куп

Претседателот на Сенегал прогласи неработен ден во земјата во чест на победата на репрезентацијата во Африканскиот куп
Дакар, 7 февруари 2022 (МИА) - Сенегалскиот претседател Меки Сал го прогласи понеделник, 7 февруари, за неработен ден во земјата. Причината е победата на репрезентацијата во Африканскиот куп. Оваа одлука политичарот ја донел, бидејќи денес селекцијата на Сенегал ќе се врати во Дакар. Сали го откажа последниот дел од дипломатското патување за лично да го поздрави тимот. Сенегал синоќа на пенали го победи Египет со 4:2 во финалето на Африканскиот куп во Камерун. Сенегалеците за прв пат во историјата станаа фудбалски шампиони на Африка. зс/

Остани поврзан