• понеделник, 23 декември 2024

Претседателот на Нигерија отпатува во Индија на самитот на Г20

Претседателот на Нигерија отпатува во Индија на самитот на Г20

Абуја, 4 септември 2023 (МИА) - Нигерискиот претседател Бола Тинубу денеска отпатува за Индија за да присуствува на овогодинешниот самит на Г20, бидејќи неговата земја размислува да се приклучи на блокот на големи светски економии, рече портпаролот на претседателот.

Индискиот премиер Нарендра Моди упати покана до претседателот Тинубу да присуствува додека се разгледува приемот на Нигерија во групата.

Доколку Нигерија се приклучи на блокот Г20, таа ќе биде втората африканска земја по Јужна Африка што ќе го стори тоа. Според Светската банка, Нигерија има највисок БДП во Африка.

Откако ја презеде функцијата во мај, Тинубу се впушти во опсежни економски реформи кои предизвикаа масовни протести и ја урнаа националната валута.

Г20 собира 19 земји од светот и Европската унија, а претседавач моментално е домаќинот Индија. Се очекува многу светски лидери да присуствуваат на дводневниот глобален самит во Њу Делхи.

-За време на самитот, Нигерија ќе се обиде да привлече повеќе странски директни инвестиции за изградба на инфраструктура со минимално задолжување, соопшти кабинетот на претседателот Тинубу. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан