• вторник, 24 декември 2024

Претседателот на Нант: Зошто ги принудуваме работниците да одат на работа, а фудбалерите не?

Претседателот на Нант: Зошто ги принудуваме работниците да одат на работа, а фудбалерите не?
Нант, 19 април 2020 (МИА) - Претседателот на Нант, Валдемар Кита смета дека треба да се одигра фудбалската сезона. Според него, фудбалерите се побезбедни од другите луѓе кои мораат да работат, и покрај пандемијата на коронавирус. - Верувам дека е време да се продолжи со нормален живот. Некои луѓе одат на работа, станувајќи во пет часот наутро, користејќи го метрото за да ги добијат своите 1200 евра. Покрај тоа, тие имаат минимални безбедносни услови. Зошто фудбалерите кои се опкружени со сите неопходни мерки на претпазливост не можат да се вратат на работа? Бидејќи се привилегирани и живеат во нивните „балони“? Ова е нелогично. Зошто правиме работник да оди на работа, а фудбалер не? – прашува Кита. Во Франција, како и во повеќето земји во светот, сезоната 2019/20 е суспендирана поради пандемијата на коронавирус. зс/

Остани поврзан