• понеделник, 23 декември 2024

Претседателот на Литванија побара ослободување на Проташевич

Претседателот на Литванија побара ослободување на Проташевич
Вилнус, 23 мај 2021 (МИА) - Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа побара од Белорусија да го ослободи белорускиот опозициски активист Роман Проташевич, кој беше уапсен откако белоруските власти наредија принудно слетување на авион на Рајнер во Минск. - Ги повикувам сојузниците на НАТО и ЕУ веднаш да одговорат на заканата што ја претставува белорускиот режим за меѓународните цивилни летови. Меѓународната заедница мора да преземе итни чекори за да спречи тоа да се повтори, истакна Науседа. Тој додаде дека планира го покрене тоа прашање на утрешниот Самитот на Европска Унија. Белоруските власти денеска наредија на авионот на Рајанер кој сообраќал од Грција до Литванија принудно да слета во Минск. По слетувањето на авионот уапсен е еден од главните блогери и активисти на опозицијата Проташевич, по кого трагаа белоруските власти поради неговото учество во минатогодишните масовни протести што избија по изборната победа на претседателот Александар Лукашенко. Проташевич е еден од основачите на опозициските вести НЕКСТА, канал што стана еден од главните извори на вести за демонстрациите во Белорусија. Авионот на релација Атина – Вилнус се наоѓал во воздушниот простор на Белорусија и скоро стигнал до Литванија кога пилотот бил принуден да го смени правецот. Белоруските власти побарале авионот принудно да слета со образложение дека содржи експлозив, но ништо не е пронајдено во леталото. Според белоруската државната новинска агенција БеЛТА, претседателот Лукашенко лично наредил авионот на Рајнер да биде придружуван од воен авион. Компанијата Рајанер сè уште не го коментирала инцидентот. ми/

Остани поврзан