• сабота, 23 ноември 2024

Претседателот на Каталонија, Пере Арагонес, најави повлекување од политиката по изборниот пораз на неговата ЕРЦ

Претседателот на Каталонија, Пере Арагонес, најави повлекување од политиката по изборниот пораз на неговата ЕРЦ

Барселона, 13 мај 2024 (МИА) - Претседателот на Каталонија, Пере Арагонес, денеска најави дека ќе се повлече од политиката по катастрофалниот резултат на неговата сепаратистичка партија на регионалните избори на кои шпанските социјалисти постигнаа историска победа.

Сепка, умерената партија на Арагонес -Esker Republicana de Catalunya (ERC) останува најдобрата надеж за социјалистите, кои освоија најмногу гласови на вчерашните избори, но не успеаја да освојат мнозинство за да формираат влада во развиениот автономен регион во североисточна Шпанија.

Арагонес, кој е лидер на Каталонија три години, денеска изјави дека неговата партија нема да ги поддржи социјалистите и им порача да се обратат за поддршка кај тврдокорната сепаратистичка партија Лов.

-ЕРЦ ќе остане во опозиција, затоа што таму нè ставија граѓаните, изјави Арагонес пред новинарите.

Со преброени повеќе од 99 отсто од гласовите, социјалистите, кои во Каталонија ги предводи Салвадор Ила, освоија 42 места во каталонскиот Парламент, додека нивниот вообичаен коалициски партнер, екстремно левичарската партија Сумар, освои шест места.

Партијата Хантс освои 35 места, а ЕРЦ 20, но за да формираат влада, партиите мора да обезбедат 68 места во каталонскиот Парламент во првиот круг и просто мнозинство во вториот круг.

Високата функционерка на социјлаистите, Нурија Парлон, изјави дека најприфатлива опција е договор за малцинска влада со партиите на ЕРЦ и Сумар, која, исто така, би ја поддржувале и другите партии.

Британските медиуми оценуваат дека регионалните избори имаат значително влијание врз стабилноста на националната влада на Шпанија. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан