• среда, 25 декември 2024

Претседателот на Замбија помилува геј-двојка

Претседателот на Замбија помилува геј-двојка
Лусака, 27 мај 2020 (МИА) - Претседателот на Замбија, Едгар Лунгу, помилува геј-двојка, која беше осудена во ноември минатата година на 15 години затвор, според колонијалниот закон. Џафет Катабу (39) и Стивен Самбу(31) беа помилувани заедно со околу 3.000 затвореници, по повод одбележувањето на Денот на ослободување на Африка. Судијата на Врховниот суд во Лусака ја осуди геј-двојката на 15 години затвор во согласност со законите со кои се забранува сексуален однос „спротивен на природата“. ки/ми/

Остани поврзан