Претседателот на ЕДП Хоџа се сретна со албанскиот амбасадор Река
- Претседателот на Европската Демократска Партија, Арјанит Хоџа, го пречека на средба амбасадорот на Република Албанија во Скопје, г-дин Фатос Река.

2 октомври 2023
Претседателот на Европската Демократска Партија, Арјанит Хоџа, го пречека на средба амбасадорот на Република Албанија во Скопје, г-дин Фатос Река.
На средбата се разговараше за политичката определба и визија на Европската Демократска Партија за политичките процеси и европската иднина на земјата.
Уште еднаш беше реафирмиран ставот дека иднината на регионот нема друга алтернатива освен целосна интеграција во Европската Унија, затоа, како што досега беа заедно Северна Македонија и Албанија рамо до рамо, мора заедно да го продолжат европското патување и во тој контекст беше оценето дека уставните измени треба да се гласат во собранието, бидејќи со тоа се бетонира и проевропската ориентација на земјата.
Двете страни се согласија за продолжување на комуникацијата, која е во служба на остварување на заедничките аспирации и заокружување на интеграцијата на нашите две земји во Европската Унија.
Европска демократска партија
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: Европска демократска партија