• сабота, 23 ноември 2024

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, го повика Зеленски на самиот на лидерите на ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, го повика Зеленски на самиот на лидерите на ЕУ

Брисел, 16 октомври 2024 (МИА) - Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска го покани претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на самитот на лидерите на земјите-членки на ЕУ. 

„Го поканив претседателот Володимир Зеленски на самитот на Европскиот совет во четврток, 17 октомври, за да ги разгледаме најновите настани во руската војна против Украина и тој да го претстави својот план за победа“, напиша Мишел на платформата Х. 

Од 17 до 18 октомври во Брисел ќе се одржи состанок на Европскиот совет на кој лидерите на ЕУ ќе разговараат за развојот на ситуацијата во Украина и за другите важни прашања од внатрешната и надворешната политика на Европската унија.

Зеленски претходно изјави дека „Планот за победа“ ќе биде јавно претставен оваа недела.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан