• понеделник, 23 декември 2024

Претседателот на Бреша: Тонали потпиша со Милан

Претседателот на Бреша: Тонали потпиша со Милан
Бреша, 1 септември 2020 (МИА) - Младиот играч за врска на Бреша, Сандро Тонали може да се смета за фудбалер на Милан. Ова го изјави претседателот на „рондинелите“ Масимо Челино. Во првата сезона, 20-годишниот Италијанец ќе игра на позајмица на „Сан Сиро“ за 10 милиони евра. После тоа „росонерите“ ќе платат уште 28 милиони евра за траен трансфер. Тонали ќе потпише договор до 2025 година, а неговата почетна плата ќе биде околу 2,5 милиони евра плус бонуси.

Тагови

Остани поврзан