• понеделник, 23 декември 2024

Претседателот на Бреша го најави заминувањето на Балотели: Тој е чуден човек

Претседателот на Бреша го најави заминувањето на Балотели: Тој е чуден човек
Бреша, 28 мај 2020 (МИА) - Претседателот на Бреша Масимо Челино потврди дека напаѓачот Марио Балотели ќе го напушти тимот. Клубот е разочаран од соработката со 29-годишниот Италијанец. - Случајот со Балотели беше надуен затоа што нема фудбал и нема што повеќе да се каже, вели Челино. Тој е чуден човек, повеќе не размислува за нас и јас го сметам неговото заминување здраво за готово. Овој играч е само малку анархичен. Во случај на заминување од Серија А, договор на Балотели автоматски се раскинува, затоа, по секоја веројатност, тој ќе стане слободен агент следната сезона. - Не го потпишавме Балотели само да привлече внимание, навистина верувавме дека тој можеше да даде важен придонес на теренот. Мислев така затоа што ми се допаѓа Марио. Сега сме разочарани од него, додаде Челино. Балотели и се придружи на Бреша летото 2019 година како слободен агент. Тој има пет гола на 19 натпревари за тимот во сезоната 2019/20. зс/

Остани поврзан