• сабота, 23 ноември 2024

Претседателот на Алжир ги свика парламентарните избори на 12 јуни

Претседателот на Алжир ги свика парламентарните избори на 12 јуни
Алжир, 12 март 2021 (МИА) - Алжирскиот претседател Абделмаџид Тебун распиша предвремени парламентарни избори на 12 јуни, како што вети, во обид да ја врати контролата поради продолжување на уличните протести од движењето Хирак. Следните парламентарни избори ќе се одржат врз основа на новиот закон за избори што Тебун го потпиша во текот на вчерашниот ден. Законот посебно ги утврдува правилата за финансирање и контрола на изборната кампања. Изборите беа планирани за 2022 година, но Тебун го распушти долниот дом на парламентот на 21 февруари и го отвори патот за предвремени избори. Тебун помилува околу 60 затвореници со цел да се реши кризата што ја зафати земјата веќе две години. Тој гест за смирување на ситуацијата беше упатен кон движењето Хирак, кое веќе две години протестира на улиците. Тие протести доведоа до оставка на тогашниот долгогодишен претседател Абделазиз Бутефлика. Сепак, протестите продолжија и веќе три недели неколку десетици илјади Алжирци излегуваат на улиците. Демонстрантите и натаму бараат заминување на политичкиот „систем“ што постои од независноста на Алжир во 1962 година. Хирак смета дека системот е корумпиран и авторитарен. паг/  

Остани поврзан