• вторник, 24 декември 2024

Претседателката Сиљановска Давкова прими претставници на Фондацијата Конрад Аденауер

Претседателката Сиљановска Давкова прими претставници на Фондацијата Конрад Аденауер

Скопје, 8 јули 2024 (МИА) - Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова денеска ги примила Даниел Браун, официјалниот претставник на Фондацијата Конрад Аденауер во Скопје и проектниот менаџер Давор Пашовски, соопштија од нејзиниот кабинет.

На средбата било разговарано за активностите и проектите на Фондацијата Конрад Аденауер фокусирани на унапредувањето на демократијата, владеењето на правото, економскиот развој и зајакнувањето на граѓанското општество.

Претседателката Сиљановска Давкова изразила задоволство од севкупната поддршка на фондацијата и плодната соработка во овие области, како едни од клучните предуслови за македонската евроинтеграција.

- Осврнувајќи се на континуираниот придонес на фондацијата во организирањето на обуки, конференции и дебати посветени на младите, претседателката ја нагласи подготвеноста за натамошно продлабочување на соработката во реформските процеси на земјата и усогласувањето со европските стандарди, се додава во соопштението од кабинетот на претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова. цр/дма/

Фото: Кабинет на претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова

Остани поврзан