Претседателката Сиљановска Давкова во посета на Генералштабот на Армијата и МО
- Претседателката на државата и врховен командант на Армијата на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе го посети Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана.

Скопје, 4 јули 2024 (МИА) - Претседателката на државата и врховен командант на Армијата на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе го посети Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана.
Како што најавија од Генералштабот, за време на посетата на Министерството и на Генералштабот, претседателката Сиљановска Давкова ќе оствари средби со министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, генералите во Армијата и со високите раководни лица во Министерството. цр/дма/
Фото: МИА архива