Претседателката Сиљановска‑Давкова на реферирање за борбена готовност на Армијата
- Во Домот на Армијата во Скопје, денеска, со почеток во 12 часот, ќе се одржи реферирање за борбената готовност на Армијата за 2025 година пред претседателката и врховен командант на вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова.
Скопје, 29 јануари 2026 (МИА) - Во Домот на Армијата во Скопје, денеска, со почеток во 12 часот, ќе се одржи реферирање за борбената готовност на Армијата за 2025 година пред претседателката и врховен командант на вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова.
На реферирањето за борбената готовност ќе присуствуваат и министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, генерали во Армијата и претставници од кабинетот на претседателката и министерот.ар/са/
Фото: МИА