Претседателката Силјановска Давкова за успехот на РК Алкалоид: Така се бранат македонските бои
- Претседателката на Македонија, Гордана Силјановска Давкова им ја честиташе победата на ракометарите на Алкалоид кои синоќа славеа на гостувањето кај АЕК во Атина со 29:25.
Скопје, 19 мај 2025 (МИА) – Претседателката на Македонија, Гордана Силјановска Давкова им ја честиташе победата на ракометарите на Алкалоид кои синоќа славеа на гостувањето кај АЕК во Атина со 29:25.
- Честитки за витешката ракометна битка и победа на „Алкалоид“ над „АЕК“ во првиот натпревар на Европскиот куп.
Горда сум на победниците!
Особена благодарност до тренерот Кире Лазаров и главниот спонзор Живко Мукаетов!
Така се бранат македонските бои! 🇲🇰
Триумфално влеговте низ портата на победата. Излезете низ неа со пехар в раце – напиша Силјановска Давкова на својот фејсбук профил.
Реваншот во СЦ „Борис Трајковски“ Скопје ќе се игра на 25 мај. зс/
Фото: МИА