• вторник, 26 ноември 2024

Претседателите на Германија и Египет повикаа на прекин на огнот во Газа

Претседателите на Германија и Египет повикаа на прекин на огнот во Газа

Каиро, 11 септември 2024 (МИА) - Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер му се заблагодари на Египет за неговата улога како посредник во обидите за ставање крај на војната во Газа, пренесе ДПА.

Во заедничка изјава со египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси во Каиро, Штајнмаер побара понатамошни напори за постигнување прекин на огнот меѓу Израел и палестинската групација Хамас.

Во изјавата се изразува загриженост за ризикот од ширење на конфликтот во регионот.

- Секој актер што има влијание врз двете страни треба да го искористи тоа влијание, изјави Штајнмаер.

Ал Сиси ја повика Европа да ја одигра својата улога во конфликтот и да изврши притисок врз Израел за постигнување прекин на огнот.

Штајнмаер и Ал Сиси исто така ги споменаа блиските билатерални односи меѓу Германија и Египет. Египетскиот лидер изрази подготвеност за продлабочување на тие односи, особено кога станува збор за соработката во економската сфера.

„Германските компании се добредојдени“, изјави тој, уверувајќи ги потенцијалните деловни партнери дека нивните инвестиции во Египет ќе бидат заштитени. ссм/

фото: ДПА

Остани поврзан