• вторник, 26 ноември 2024

Претседавачот на Воениот комитет на НАТО од денеска во официјална посета на Северна Македонија

Претседавачот на Воениот комитет на НАТО од денеска во официјална посета на Северна Македонија

Скопје, 3 септември 2023 (МИА) - Од денеска во официјална посета на Северна Македонија и на Армијата на Северна Македонија ќе престојува претседавачот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер.

Официјалната посета, адмиралот Бауер ќе ја отпочне утре во Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана каде ќе оствари средби со началникот на Генералштабот, генерал-потполковник, Васко Ѓурчиновски и министерката за одбрана Славјанка Петровска, по што ќе следува и прес-конференција.

За време на посетата на Генералштабот и Министерството за одбрана, претседавачот на највисокото воено советодавно тело на НАТО, ќе се запознае со плановите и развојот на способностите на Армијата на Република Северна Македонија, процесот на трансформација и опремување, како и со учеството на Армијата во операциите и вежбовните активности.

Во текот на денот, адмирал Бауер ќе оствари средба и со претседателот на државата Стево Пендаровски и со министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Бауер ќе ја посети и касарната „Илинден“, каде ќе присуствува на дел од предвидените активности на баталјонот на специјални сили, а следниот ден ќе ја посети и Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, каде ќе одржи предавање пред припадниците на Генералштабот и Воената академија. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан