Претрес во Тетово, пронајден хероин
- Полициски службеници на СВР Тетово, со судска наредба, вчера извршиле претрес во домот и помошните простории на 47-годишниот тетовец А.Е., кој се барал за издржување на затворска казна, известуваат од МВР.

Скопје, 23 ноември 2023 (МИА) - Полициски службеници на СВР Тетово, со судска наредба, вчера извршиле претрес во домот и помошните простории на 47-годишниот тетовец А.Е., кој се барал за издржување на затворска казна, известуваат од МВР.
- При претресот, во просториите кои ги користел А.Е., а кој во моментот бил отсутен, пронајден е и од неговата 38-годишна сопруга одземен е хероин, како и предмети со остатоци од хероин, соопштуваат од МВР.
По комплетно документирање на случајот против А.Е. ќе следува соодветен поднесок по член 215 од Кривичниот законик. ир/мд/
Фото: МИА архива