• петок, 05 септември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Претрес во Скопје, пронајдена марихуана, приведено едно лице

Претрес во Скопје, пронајдена марихуана, приведено едно лице

Скопје, 30 јули 2025 (МИА) -  Полициски службеници од СВР Скопје, вчера околу 15:05 часот, го лишиле од слобода Р.К. (24) од Скопје, на подрачјето на општина Гази Баба.

Како што информира денеска МВР, при претрес во домот каде што лицето престојувало, а извршен со судска наредба од Основниот кривичен суд Скопје, била пронајдена и одземена марихуана.

Р.К. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. дма/вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан