Претрес во Скопје, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
- Во Скопје синоќа во 23.30 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Н.(49) од Скопје, соопштија денеска од МВР.

Скопје, 27 мај 2025 (МИА) - Во Скопје синоќа во 23.30 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Н.(49) од Скопје, соопштија денеска од МВР.
При извршен претрес во неговиот дом и други простории, по претходна судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. По насоки од јавен обвинител, С.Н., соопштија од МВР, тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава. цр/лв/
Фото: МИА архива