Претрес во скопско, пронајден кокаин, лишен од слобода криминалец баран со потерница
- Во селото Страчинци вчера полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при Одделот за криминалистичка полиција заедно со Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје и Специјалната антитерористичка единица Тигар го лишија од слобода Т.Ф.(33) од, кој бил баран по распис, а од Основен кривичен суд Скопје е донесено решение со кое му е одредена мерка притвор.
Скопје, 31 јули 2024 (МИА) - Во селото Страчинци вчера полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при Одделот за криминалистичка полиција заедно со Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје и Специјалната антитерористичка единица Тигар го лишија од слобода Т.Ф.(33) од, кој бил баран по распис, а од Основен кривичен суд Скопје е донесено решение со кое му е одредена мерка притвор.
Како што соопштија од МВР, кај него бил пронајден и одземен кокаин.
-После тоа, со наредба од Основен кривичен суд Скопје, беше извршен претрес во неговиот дом, при што беа пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Лицето е предадено во Полициската станица Гази Баба, од каде е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката притвор, се вели во соопштението на МВР.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 215 од Кривичниот законик. бт/нд/
Фото: МИА архива