• недела, 07 декември 2025

Претрес во село Десово, Општина Долнени, пронајдени пушки и муниција

Претрес во село Десово, Општина Долнени, пронајдени пушки и муниција

Скопје, 28 ноември 2024 (МИА) - Врз основа на судска наредба издадена од Основен суд Прилеп, вчера полициски службеници од Полициското одделение Ропотово извршиле претрес во домот и други простории на  М.У.(28) од село Десово, Општина Долнени.

МВР денеска соопшти дека при претресот пронајдени и одземени биле две ловни пушки и 11 патрони за ловна пушка. Лицето било лишено од слобода и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава. цр/ац/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан