Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, приведено едно лице
- Во Радовиш синоќа во 19.30 часот полициски службеници ја лишиле од слобода С.А.(37) од Радовиш.
Скопје, 26 мај 2025 (МИА) - Во Радовиш синоќа во 19.30 часот полициски службеници ја лишиле од слобода С.А.(37) од Радовиш.
МВР денеска соопшти дека при претрес во нејзиниот дом и помошните простории, извршен со судска наредба, пронајдена и одземена е бела прашкаста материја.
По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/са/
Фото: МИА архива