• петок, 05 декември 2025

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

Скопје, 9 јули 2025 (МИА) - Радовишката полиција вчера го лишила од слобода А.И.(29) од Радовиш, бидејќи при претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана и дробилка.

Како што информираат денеска од МВР, лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш.

По документирање на случајот, против А.И. ќе биде поднесена соодветна пријава. сст/дма/

Фото МИА архива

 

Остани поврзан