• вторник, 24 декември 2024

Претрес во Пештани, приведен рибокрадец

Претрес во Пештани, приведен рибокрадец

Скопје, 9 декември 2023 (МИА) - Четириесетгодишен жител на охридското село Пештани (К.М.) бил лишен од слобода вчера во 17 часот  во СВР Охрид.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека претходно, во атарот на селото, тој бил затекнат при вршење кривично дело „незаконит риболов“, а при претрес во неговиот дом, извршен по добиена судска наредба, биле пронајдени и одземени 45 парчиња риба белвица, рибарски мрежи и друг риболовен алат.

-За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР. хс/вј/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан