Претрес во дом на млад кавадарчанец, одземени предмети под сомнеж дека се од кражби
- При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела „кражба“.
Кавадарци, 3 февруари 2026 (МИА) - Претрес бил извршен во дом на млад кавадарчанец, при што одземени биле предмети под сомнеж дека се од кражби, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Денеска, полициски службеници од ОВР - Кавадарци извршиле службен разговор со Б.Б., на возраст од 29 години од овој град. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела „кражба“. Одземеното ќе биде вратено на сопствениците, соопштија од СВР - Велес.
Оттаму додадоа дека известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биле поднесени соодветни поднесоци. свд/вг/
Фото: МИА Архива