Приведен албански државјанин, кај него пронајдена дрога
- олициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера во 13 часот во Гостивар, го лишиле од слобода М.П.(35) од Република Албанија.
Скопје, 5 октомври 2023 (МИА) - Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера во 13 часот во Гостивар, го лишиле од слобода М.П.(35) од Република Албанија.
Од МВР денеска информираат дека при претрес, извршен со судска наредба во станот во кој живеел под наем во Гостивар, биле пронајдени и одземени марихуана, семки од марихуана и шприц со кафеава течност.
Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок. дма/
Фото:МИА архива