• вторник, 24 декември 2024

Претрес во велешко, приведен крадец

Претрес во велешко, приведен крадец

Скопје, 6 јуни 2024 (МИА) - Полициски службеници од Отсекот за општ криминалитет при СВР Велес, синоќа во 23.45 часот, го лишиле од слобода А.Н.(42) од велешкото село Сојаклари.

Како што соопшти денеска МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека ги одзел од фирма во Велес во која бил вработен.

-Одземеното било вратено на сопственикот, а А.Н. бил задржан во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението. дма/лв/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан