• петок, 05 декември 2025

Претрес во Валандовско, пронајдена дрога, приведено едно лице

Претрес во Валандовско, пронајдена дрога, приведено едно лице

Скопје, 23 мај 2025 (МИА) - Во валандовското село Марвинци синоќа во 20.30 часот полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода К.А.(34) од село Марвинци.

При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, соопшти денеска МВР, биле пронајдени бела прашкаста материја, предмети со остатоци од бела прашкаста материја, шприц и мало шише исполнети со течност.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот против К.А. ќе биде поснесена соодветна пријава. цр/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан