• среда, 27 ноември 2024

Претреси во Македонски Брод, пронајдено оружје и муниција

Претреси во Македонски Брод, пронајдено оружје и муниција

Скопје, 25 октомври 2024 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Македонски Брод при СВР Битола, вчера во село Горно Ботушје, општина Македонски Брод, со судска наредба,  извршиле претрес во домот на З.В.(55) во село Горно Ботушје, при што пронашле и одзеле ловечка пушка и 35 патрони за пушката.

Како што соопшти МВР, вчера со судска наредба, полициски службеници извршиле претрес и во домот на Н.Ц.(56) од село Горно Ботушје, при што биле пронајдени и  одземени ловечка пушка и 14 патрони за пушката. По документирање на настаните, против лицата ќе следуваат соодветни пријави. дма/са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан