• четврток, 26 декември 2024

Претепан палестински новинар кој работи за иранската новинска агенција

Претепан палестински новинар кој работи за иранската новинска агенција
Ерусалим, 17 јуни 2022 (МИА) - Палестински репортер кој работи за иранската новинска агенција Тасним беше киднапиран и претепан од вооружени Палестинци откако претходно оваа недела објави за насилното растурање на студентските демонстрации на Западниот Брег. Агенцијата наведува дека овие лица насилно и под закана со оружје го принудиле Самер Хуаир да влезе во автомобилот, го тепале и му се заканувале. Тие рекоа дека неговото известување ѝ наштетило на палестинската управа и секуларното движење Фатах што доминираше во неа, и го ослободија околу половина час подоцна. Хуаир идентификуваше Палестинец меѓу оние што го киднапираа и рече дека тој е член на палестинските безбедносни сили. Здружението на палестински новинари го осуди нападот врз својот колега, а палестинските власти не дадоа коментар. паг/    

Остани поврзан