• сабота, 23 ноември 2024

Прес-конференција на Марија Срцева Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ за состојбата со коронавирусот

Прес-конференција на Марија Срцева Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ за состојбата со коронавирусот
Скопје, 9 јуни 2020 Неколку дена сведочиме на троцифрени бројки на новоинфицирани на дневна основа, како и, за жал, на починати, а сепак не убедуваат дека вирусот слабеел! Воопшто не е така. Ситуацијата со корона вирусот е целосно излезена од контрола. Дополнително на сето тоа се зголемува и бројката на новоинфицирани здравствени работници. Четврти месец во борбата со корона вирусот и лошиот менаџмент, резултира со неконтролирано влошување на состојбата. Македонија стана црна точка во регионот и пошироко! Има многу новоинфицирани и починати за краток период. Она што се случува е поигрување со здравјето на граѓаните. Не смееме граѓаните да се оставиме сами на себе. Не смее и не може граѓаните да се виновни за оваа состојба. Затоа доста, доста беше залажување, доста со политики. Да се отстапи место на струката, на оние кои директно и секојдневно се соочуваат со последиците предизвикани од овој вирус. Кога ќе се стави ситуацијата со корона вирусот под контрола ќе имаме време за се, ќе ги отвориме сите теми. Сега единствен приоритет е здравјeто на граѓаните! Д-р Марија Срцева Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан